Одделение за едукација и водичка служба
Едукација
Музејот на град скопје како комплексен музеј во 1974 год. го формира педагошкото одделение. Покрај својата богата научна-истражувачка дејност, собирање, чување, документирање, заштита, стручна и научна анализа на музејскиот материјал, од областа на археологијата, историјата, етнологијата, историјата на уметноста и архитектурата на градот Скопје и неговата историја .врши публикување на музејскиот материјал, како и негово презентирање.
Главна цел на одделението е формирање на правилен однос кон културното наследство на детската популација од најмала возраст, преку запознавање со културната историја на градот Скопје и неговата околина, како и доближување на музејот како место каде што се чува и негува културното наследство.
Работата на одделението започнува со организирани групни посети низ музејските поставки и предавања од областа на археологојата, историјата и етнологијата прилагодени на детската возраст, со кои се надополнува наставната програма на учениците во училиштата Во рамките на активностите на одделението биле организирани ликовни хепенинзи и изложби во училиштата и работни организации.
Од 2008 год Педагошкото одделение се преименува во Одделение за едукација и продолжува со своите активности применувајки ги современите методи на презентирање на музејскиот материјал.
Одделението за Едукација, Едукативната програма ја осмислува и реализира со цел децата од најмала возраст да се запознаат со историјата на градот во кој што живеат, со недвижното културно наследство и да се стекнат и да создадат база на трајни знаења, музејска култура, однос кон културното наследство воопшто.
Едукативни програми се реализираат во текот na целата година, со конституирање на интерактивни работилници со различни едукативни дисциплини и техники со музејски материјал, каде преку тренинг на различни возрасти ученици се презентира истовремено и движното и недвижното богатство на градот Скопје.
Темите на работилниците се поврзани со постојаната поставка на музејот, тематските изложби кои ќе бидат поставени во текот на годината, Се реализираат во музејот,градинките, училишта.. Во текот на учебната год се организираат едукативни часови на одредена тема во зависност од возраста и тематската целина која што се работи во училиштата на часовите по историја, ликовна уметност, а се надополнува преку музејската едукативна дејност во амбиентот на изложбените простори во Музејот на град Скопје.
Претставувањето на богатството што се наоѓа во Музејот на град Скопје е замислено како хронолошка прошетка, низ поставките во музејот, преку посета на конкретни локалитети како недвижни културни точки. Истовремено се презентира оригинален музејски материјал од локалитетот кој ке се посети, како модел за конкретниот историски тип на предмети, кои всушност како финален резултат од тренингот резултираат со изработка на типични предмети во просториите на Музеј на град Скопје, со што поттикнуваме креација и имагинација кај децата на одредена тема... Сите активности се прилагодени на возраста на децата, со цел да ја развиваме моториката, социјалните и креативните вештини кај децата Работилниците се наменети за сите возрасти, посебно за децата од предучилишна и училишна возраст, како и за деца и возрасни со пoпречености во развојот.
Водичка служба
Посетителите на Музеј на град Скопје, сместен во објектот на старата железничка станица, можат да ја посетат постојаната археолошка поставка со артефакти од камено време па до римскиот период, како и постојаната поставка "Музејот – Кустосот на градот" која претставува преглед на историјата на градот Скопје, и тоа од среден век па сè до осамостојувањето на државата 1991 година. Музејот организира и повремени уметнички изложби.
Музејот на град Скопје исто така има свои депанданси – музејот на Старата чаршија, кој се наоѓа во објектот на Сули Ан (1. кат) и Музеј на Илегалната работлиница од втората светска војна, кој пак се наоѓа во близина на музичката академија. Музејот Илегална работилница може да се посети само со претходна најава.
Доколку имате потреба од водич низ музејските поставки (на пр. при групна посета) пожелно е да закажете термин неколку дена порано како би можеле водичите уредно да ве услужат.
Водењето може да се одвива на македонски, англиски, унгарски или хрватски јазик.
Закажување на телефон:
За музејот на град Скопје (Стара железничка):
Михаљ Билбија
+389 70 243 971
За музејот на Старата чаршија (Сули ан) и илегална работилница:
М-р Христина Пандурска-Смоковиќ
+389 70 474 476