Одделение за конзервација и реставрација

Основна задача на одделението за заштита, конзервација и реставрација, во рамките на Музејот на град Скопје е постојано третирање на музејскиот движен материјал (керамика, стакло, текстил, дрво, икони, фрески, штафеларно сликарство и друго) со соодветни третмани за конзервација и реставрација. Одделението со својата активност има учествувано во сите проекти кои се предложени од другите одделенија на музејот и останатите музеи и заводи за заштита на спомениците во Македонија.

Како едни од позначајните проекти во заштитата на одделението за конзервација и реставрација во минатото се издвојуваат учеството во проектот за конзервација и реставрација на фреско живописот во црквите „Св. Пантелејмон‟, село Горно Нерези и „Св. Димитрија‟ Марков Манастир.

Одделението учествувало и во многу други конзерваторски работи. Непосредна теренска заштита и конзервација на керамички материјал е вршена и на други локалитети, позначајни конзерваторски зафати се изведени на праисторискиот локалитет „Слатина‟ кај Зелениково и средновековниот „Маркови Кули‟ на Водно.

Повеќе години наназад, одделението за конзервацијаи реставрација преку годишни проекти финансирани од Министерството за култура и туризам и со конзерваторско одобрение од Управата за заштита извршуванепосредна заштита на археолошки материјал кој потекнува од систематските археолошки истражувања на античкиот град Скупи кои истотака се изведуваат секоја година. Во најголем број се конзервираат и реставрираат предмети од метал (железо, бронза, олово), керамика и стакло кои се дел од музејскиот материјал кој потекнува од овие истражувања.