Одделение за обработка, чување, користење на документација за движно наследство

Одделението за документација е формирано во 1969 година. Документирањето на музејскиот материјал е една од основните дејности на музејот, а неговата задача е да ја прибира, селектира, обработува и чува документацијата за музејските предмети поделена по одделенија и збирки.

Одделението прибира и систематизира документиран материјал од изданијата на Музејот на град Скопје (каталози, покани и плакати), како и фото и дигитална документација од различни програмски истражувања, црно бели и колор фотографии, дијапозитиви, негативи и дигитални записи.

Одделението за документација ги следи новите технолошки достигнувања во однос на современата обработка на материјалот, поточно дигитализација и техничка поддршка.